БизЛинкс – Microsoft Business Central на македонски јазик – продукт на Solutionade за дигитална трансформација на финансиското управување во македонските компании

БизЛинкс

Македонската ИТ компанија Solutionade, која е сертифициран Microsoft партнер, го лансираше своето локализирано решение БизЛинкс, екстензија на Business Central што е современа „cloud“ платформа наменета за целосно управување со финансиските процеси во малите и средни претпријатија.

Во време кога дигиталната трансформација е клучна за опстанок и развој, БизЛинкс нуди практично и достапно решение кое овозможува автоматизација на административните и сметководствените процеси, подобра контрола на финансиските текови и усогласеност со законските регулативи во Македонија.

БизЛинкс е создаден со цел да им овозможи на компаниите да управуваат со финансиските обврски и човечките ресурси без потреба од сложени системи и скапи инфраструктури. Веруваме дека секој бизнис заслужува алатка што ја поедноставува секојдневната работа и ослободува време за она што е најважно – растот и развојот,“
изјави Бојан Борисовски, генерален директор на Solutionade.

Клучни карактеристики на платформата

  • Интегрирано управување со финансии: фактурирање, наплата, книговодство, ДДВ и банкарско вчитување – сè од едно место.
    БизЛинкс е единственото решение на македонскиот пазар за припрема на плати интегриранo целосно со македонскиот систем за плати.
  • „Cloud“ технологија: достапна преку интернет 24/7, без потреба од локална инсталација, дел од ненадминливиот Microsoft Cloud ECO System.
  • Интуитивен интерфејс: лесен за користење и прилагоден за корисници со минимални технички познавања.
  • Македонска регулаторна усогласеност: поддржува домашни даночни прописи и стандарди.
  • Флексибилност за различни сектори: применлив за ИТ компании, маркетинг агенции, консултантски фирми, архитектонски студија и други професионални услуги.

Придобивки за бизнисите

Со автоматизација на процесите и централизирање на финансиските податоци, компаниите добиваат:

  • Подобра контрола и транспарентност во работењето
  • Намалени административни трошоци и човечки грешки
  • Брз пристап до податоци и извештаи за носење информирани одлуки
  • Сигурност и усогласеност со македонската законска рамка
  • Подобрена ефикасност во секојдневното работење

БизЛинкс е пример за тоа како домашна ИТ компанија може да создаде решение што ги следи глобалните трендови, но е целосно прилагодено на потребите на локалниот пазар.

За Solutionade

Solutionade е македонска компанија со долгогодишно искуство во развој и имплементација на деловни софтверски решенија. Фокусот на компанијата е на модернизација на деловните процеси преку Microsoft-базирани технологии и сопствени иновативни производи.

Со БизЛинкс, Solutionade ја продолжува својата мисија да им помогне на компаниите да ја унапредат ефикасноста, продуктивноста и одржливоста на работењето.

Доколку сте подготвени за раст и дигитална трансформација, контактирајте го Solutionade и оставете тие да се погрижат за вашиот дигитален напредок.

We use cookies for better experience.